Со повеќе свечености општина Охрид ќе го одбележи 2-ри август – Денот на Републиката

Охрид, 31. јули 2019 (ИНПРЕС) – Со повеќе свечености, општина Охрид ќе го одбележи претстојниот празник 2-ри август – Денот на Републиката.

За утревечер од 20:00 часот е предвивено полагање цвеќе пред спомен- обележјето на Илинденците и културно – уметничка програма во село Велгошти.

На празникот, в петок, од 09:00 часот ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјата на Илинденците во градскиот парк, а од 11:00 часот ќе се одржи историски час и културно – уметничка програма во селото Плаќе. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива