Мурињо: Тешко е да одбивам понуди, но имам право на избор

Лондон, 31. јули 2019 (ИНПРЕС) – Жозе Мурињо инсистира на тоа дека ќе преземе клуб, каде што навистина го сакаат како менаџер. Португалскиот тактичар е без тим, откако Манчестер Јунајтед го отпушти минатиот декември и го замени со Оле Гунар Солскјер.

Иако веќе доби неколку понуди, поранешниот ментор на Челзи, Реал Мадрид, Интер и Порто сè уште не брза да се врати во тренерската професија. 56-годишниот Мурињо инсистира на тоа дека ќе се врати само ако тој е навистина посакуван од конкретниот клуб.

– Најтешко е за мене е да кажам „не“ на сите предлози. Морам да работам, затоа што внатрешно, секогаш сум импулсивен во однос на работата. Ако имам можност да работам, сакам да кажам: „Почнуваме“. Да одбивам предлози е нешто многу, многу, многу тешко – вели Специјалниот за „Скај Спортс“.

Целиот текст тука

извор: Плусинфо фото: архива