Нова цена на дизелот, стара на бензините

Скопје/Охрид, 19. август 2019 (ИНПРЕС) -Следнава недела дизелот ќе се точи по нова, бензините по стара цена.

Регулаторната комисија за енергетика го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе стапи во сила од ноќеска по полноќ.

Според новиот ценовник, бензините Еуросупер БС– 95 и Еуросупер – 98 остануваат исти како и минатата недела,  односно ќе се продаваат по цена од 66,50 и 68,50 денари. Дизелот пак поскапува за половина денар и ќе се точи за 60,50 денари.

Ценовникот ќе остане во сила до следниот понеделник. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива