Книжевна вечер со Наташа Сарџоска во „Култура 365“

Охрид, 20. август 2019 (ИНПРЕС) – Продолжуваат активностите во рамки на новата културна манифестација ЛУНУС – Летните уметнички ноќи на улица Самоилова.

Вечерва од 20:00 часот во КИЦ „Култура 365“ ќе биде претставена поетска книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска.

Наташа Сарџоска е поет, писател, есеист, антрополог, преведувач и перформер. Докторирала антропологија на Карлс Еберхард во Тубинген, на Универзитетот во Бергамо и на Нова Сорбона во Париз. Авторка е на пет поетски книги: „Сината соба“, „Кожа“, „Тој ме повлече со невидлив конец“, „Жива вода“ и „Крстна коска“, како и на бројни есеи и раскази. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива