Есенски циклус подготовка за полагање TOEFL во Црвен крст Охрид

Охрид, 21. август 2019 (ИНПРЕС) – Поради големиот интерес на охриѓани Црвен крст Охрид започнува нов, есенски циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language).

Подготовката ќе се реализира во вид на часови, ќе започне на 5-ти септември, а ќе ја спроведува волонтер на Мировен
корпус Македонија, кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.

TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик. 9000 унвирезитети, колеџи, агенции го признаваат тестот и тоа во 130 земји ширум светот вклучувајќи ја и Македонија. TOEFL е тест кој исто така се користи за докажување на познавањето на англискиот јазик за државната администрација во Македонија.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, на телефон 046 262-706 и 070 315309 или на е-маил ohrid@redcross.org.mk или да дојдат на првиот промотивен час во просториите на Црвен крст Охрид, на 5-ти септември од 19:00 часот.(Крај)

извор: ИнПрес фото: архива