МВР потврди: Катица Јанева е приведена по налог на Обвинителството

Скопје, 21. август 2019 (ИНПРЕС) – Катица Јанева е приведена по налог на Обвинителството, потврди МВР, јави ВОА.

Претходно денес голем број полицајци го опколија домот и ја затворија улицата во скопската населба Козле каде живее Катица Јанева, јави Тв Телма.

Специјалната обинителка вчера даваше исказ пред Обвинителство за случајот „Рекет“.

Обвинителството закажа прес конференција во 14:00 часот за случајот „Рекет“. (Крај)

извор: Тв Телма фото: Тв Телма видео: Вечер/Тв21