ЛШ: Динамо лесно со Розенборг, Звезда со супер-реми во Швајцарија (видео)

Загреб, 22. август 2019 (ИНПРЕС) – Додека македонските клубови не можат да се пофалат со успешни европски авантури, српскиот шампион Црвена звезда и хрватскиот шампион Динамо Загреб направија огромен чекор кон пласман во групната фаза на Лигата на шампионите.

Звезда, која лани имаше забележително враќање во европската елита (и победа над подоцнежниот европски шампион Ливерпул), како последен противник ги имаше Јанг бојс од Берн и во интересен меч стигна до 2:2 реми пред домашниот меч на „Рајко Митиќ“ во Белград.

Работите не тргнаа добро за „црвено-белите“ откако Јанг бојс уште во седмата минута дојдоа до водство преку Рожер Асале, но рамнотежата беше вратена во 18. минута кога Милош Дегенек постигна фантастичен гол. Целосниот пресврт го комплетираше новото засилување на Звезда, Матео Гарсија, кој на почетокот на второто полувреме го постигна својот деби-гол за водство на гостите.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор/фото: Топспорт