ФИБА: Србија се фаворити за златото на СП

Миес, 22. август 2019 (ИНПРЕС)Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ја објави новата листа на фаворити за претстојното Светско првенство во Кина. На оваа листа прв фаворит за златниот медал е репрезентацијата на Србија.

На претходната листа први фаворити беа Американците, но отказите со кои се соочи нивниот селектор Грег Поповиќ и добрата игра на Србија на „Акропол купот“ во Грција ги исфрлија Србите како главни фаворити за златото.

Во објаснувањето на оваа одлука ФИБА наведува дека кога еден тим ќе ја победи Грција во Атина пред 18.000 гледачи, во чии тим игра МВП на сезоната во НБА лигата, Јанис Адетокумбо, а при тоа игра без главните ѕвезди Милош Теодосиќ и Никола Јокиќ, тогаш тој тим е многу силен и заслужува да е на позицијата број 1.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор/фото: Топспорт