Јанева со полициска придружба на погребот на мајка ѝ

Скопје, 22. август 2019 (ИНПРЕС) – Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со полициска придружба од КПУ Затвор – Скопје изутринава заминала во Гевгелија на погреб на нејзината мајка, потврдил за МИА директорот на затоворот Есад Рахиќ.

Јанева заминала за Гевгелија со одобрение на судија на претходна постапка, кој синоќа и одреди 30-дневен притвор по барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива