Во завршна фаза изградбата на спортската сала во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Охрид, 22. август 2019 (ИНПРЕС) – Градежните активности околу спортската сала што се наоѓа во склоп на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се во завршна фаза.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, со директорот на средното училиште, Сашо Недески, извршија увид за текот на активностите.

Најголемиот дел од активностите за изградба на салата, која се протега на 650 м², се завршени, а во наредниот период следува финализирање на зафатите и опремување со сите потребни спортски реквизити.

Изградбата на салата е дел од проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука, а во соработка со општина Охрид, по што после долги години ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе добие спортска сала по стандарди.

Во рамки на проектот се врши замена на дотраената покривна конструкција и замена на старата дограма. Дополнително училиштето ги реновира дел од училниците, а таквата активност ќе продолжи и во понатамошниот период. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид