Охрид Лихнидос се пласира во 1/8 финалето на Купот на Македонија

Охрид, 22. август 2019 (ИНПРЕС) – ГФК Охрид Лихнидос се пласира во 1/8 финалето на фудбалскиот Куп на Македонија.

Вчера на домашен терен на пенали 6-5, откако во регуларниот дел беше 1-1 ја совладаа екипата на струмичка Беласица.

По подолго време на трибините се врати и навивачката група Рибари кои беа игарач плус за охриѓани.

Охридските фудбалери в сабота ги започнуваат мечевите од есенскиот дел во Втората лига Запад. Прв противник ќе им биде тимот на Велазерими 77 од Кичево.

По осум сезони, Охрид е повторно во второлигашкото фудбалско друштво. Во новата сезона тимот оди засилен со четворица фудбалери, Љупче Трпески, Александар Целески, Мартин Лекоски и Вецко Вренцоски и голманот од Победа, Даниел Котевски. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Ohrid Sport