Цителишвили ќе игра за РК „Охрид“

Охрид, 22. август 2019 (ИНПРЕС) – Уште едно засилување во тимот на РК „Охрид“, редовите на „гладијаторите“ се појачуваат со грузискиот репрезентативец Лексо Цителишвили.

Се очекува деновиве да биде ставен и параф на договорот. Левиот бек е шесто засилување во охридскиот состав.

Денес и утре „гладијаторите“ настапуваат на турнир во Тузла.

Новата ракометна сезона во Супер лигата започнува на 7-ми септември, а прв противник е екипата на Пролет. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива/Филип Јованоски