Промоција на „Херојска/еротска книга“ од Марта Маркоска во недела во Shill

Охрид, 22. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поетесата Марта Маркоска во недела, со почеток во 20:00 часот, во кафе бар Shilla во Охрид ќе одржи оригинална сценска промоција на нејзината најнова книга „Херојска/еротска книга“ (H/ero/t/ic book) во издание на „Матица ексклузив“.

Промоцијата е насловена „Соба од совршени оргазми“, а авторката ве повикува да дојдете и да проверите дали навистина ќе биде таква.

Image may contain: 1 person, text

– Читателу, биди подготвен. Во оваа блескава книга поезија живее искрен и копнежен глас, незасрамен од своите примални нагони, модерен како машина за миење садови и древен како оганот на предхеленската душа. Гласот на Маркоска е глас кој се судира сам со себе, смел и еротски, стои во рецензијата на Џорџ Валас, писател резидент во Родната куќа на Волт Витман, САД.

Претстојниот настан е уште еден во низата квалитетни културни вечери организирани во концептуалниот бар и кафѐ  Shilla кој сѐ повеќе се истакнува како вистинска алтернативна арт-сцена во Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива