САД со тројца капитени за настапите на Мундобаскет

Далас, 23. август 2019 (ИНПРЕС)Кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави ќе има тројца капитени на Светското кошаркарско првенство во Кина.

Капитени на американскиот тим на Мундијалот 2019 ќе бидат Кемба Вокер и Маркус Смарт од Бостон и Донован Мичел од Јута.

Американците се во група со Турција, Чешка и Јапонија.

Селекторот Грег Попович сè уште не ја објави конечната листа со 12 играчи кои ќе настапат на Мундијалот. (Крај)

извор/фото: Плусинфо