РК Охрид во борба за пехар на турнир во Тузла

Тузла, 23. август 2019 (ИНПРЕС) – Ракометарите на Охрид победнички го стартуваа меѓународниот турнир што се одржува во Тузла, Босна и Херцеговина.

Иако со минимални 31-30 охриѓани го поразија домаќинот екипата на Слобода. На турнирот во БиХ настапуваат и екипите на Металопластика, повратник во СЕХА лигата и екипата на Орошази од Унгарија.

„Гладијаторите“ денес од 18:00 часот ќе играат за пехар токму против унгарски Орошази. (Крај)

извор: ИнПрес фото: FB/RK Sloboda