ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите од владеењето на СДС во Охрид останаа само на хартија со најпознатиот владин предзнак ЌЕ!

Охрид, 4. септември 2019 (ИНПРЕС) – До кога локалната власт предводена од градоначалникот Константин Георгиески ќе нè убедуваат дека „блескаме“ и дали мислат дека охриѓани се заслепени од нивниот блесок, та не гледаат што им се случува пред очи, запрашаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРИ-ДПМНЕ од Охрид.

– После најтурбулентното кратење на средствата во буџетот, ни остана да се надеваме дека ќе започнат да се реализираат барем оние малку средства што останаа и дека ќе видиме бар некаков резултат од владеењето на СДС во Охрид. Но, за жал сè си остана само на хартија, оптеретено со најпознатиот владин предзнак ЌЕ! Охриѓани имаат право на отчет, охриѓани имаат право да знаат дека и покрај ветувањата, цели шест месеци не се чепна буквално ништо во делот:
– Изградба на фекална канализација во населба Рача (краци меѓу регионален пат ОхридСв. Наум и патека покрај Охридско Езеро)
– Изградба на улична фекална канализација на краци во селата Велгошти и Пештани;
– Изградба на улична фекална канализација и пречистителна станица во село Трпејца;
– Преприклучување на нова фекална канализација на улиците „Абас Емин“ и „Јане Сандански“;
– Улиците „7 Ноември“, „Егејска“, „Васил Главинов“, „Марко Цепенков“, „Момчило Јорданоски“, „Веле Марко“, „Александар Гушо“ и „1 Мај“ ќе причекаат за изградба на атмосферска канализација;
– Не се изработи проектна документација за фекална и атмосферска канализација;
– Не се изврши нивелирање и чистење на канализциона мрежа и шахти и не се променаа капаци, истакна Лидија Петкоска, советник во Градскиот совет и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

Таа апелираше до охриѓани да бидат без грижа, затоа што се’ ЌЕ биде во ред. Затоа што на времето на лажни ветувања и предизборни манипулации му доаѓа крајот! (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ