ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Георгиески дозволи да се градат дивоградбите – бетонската база, угостителскиот објект кај Чинарот, хотелот во Лагадин, минарето низ чаршијата и тогаш не ги спречи работниците како сега?

Охрид, 4. септември 2019 (ИНПРЕС) – Градоначалникот Константин Георгиески собра храброст, па реши да спроведува закон со тоа што се приведени тројца градежни работници, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Со тоа покажува дека Локалната самоуправа делува селективно и е определена да се справува само со обичниот граѓанин. Георгиески да одговори каде беше кога со месеци го молеа охриѓани, невладини организации, новинари, политички партии да спроведе Закон и да ги спречи нелегалните градби низ целиот град? Зошто дозволи да се изградат дивоградбите низ градот, бетонската база, угостителскиот објект кај Чинарот, хотелот во Лагадин, минарето низ чаршијата и тогаш не ги спречи работниците како сега? Или тогаш Георгиески беше при очи слеп и при очи глув, или пак тоа е цената за изборната победа? Со СДСМ и Георгиески се штитат луѓето блиски до власта, а обичниот граѓанин страда. Време е Законот да почне да важи подеднакво за сите, додаваат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ИнПрес