Комисијата за избори и именување ја разреши Катица Јанева

Скопје, 5. септември 2019 (ИНПРЕС) – Комисијата без дискусии  со едногласна одлука му предложи на Собранието да ја разреши Катица Јанева за нестручно и несвесно работење.

Сега одлуката на Комисијата оди кај Талат Џафери кој треба да закаже пленарна седница на усвојување на предлогот за разрешувањена Катица Јанева што треба да има 2/3 мнозинство плус бадентер, јави Тв Сител.

Потоа Советот на Јавни обвинители треба на седница да ја разреши Катица Јанева.

Илија Димовски изјави дека материјалот кој го добиле од Советот бил многу уверлив.  (Крај)

извор: Тв Сител фото: МИА