Кривична за охриѓанец, сторител на две тешки кражби во маркети во Охрид

Охрид, 5. септември 2019 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34-годишниот С.Ѓ. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“.

– На први август 2019 година, во маркет на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид пријавениот, заедно со уште едно лице, со употреба на сила влегле внатре и одзеле предмети. Исто така, на 12-ти август 2019 година, во маркет на улицата „АСНОМ“ во Охрид пријавениот, со уште едно лице, на идентичен начин влегле и одзеле предемети. Со ова пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 284.423 денари, информиаат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива