Почина Роберт Мугабе, поранешниот претседател на Зимбабве

Хараре, 6. септември 2019 (ИНПРЕС) – На 95-годишна возраст почина Роберт Мугабе, првиот претседател Зимбабве откако оваа африканска земја ја стекна својата независност, пренесе Би-Би-Си.

Мугабе почина по повеќегодишна болест, потврди неговото семејство.

Тој беше лидер на движењето за ослободувањето на Зимбабве од владеењето на белото малцинство.

Беше соборен од власта во текот на воен удар, во ноември 2017 година, по три децении неприкосновено владеење, период во кој тој прерасна од омилен херој на ослободувањето на земјата до омразен диктатор. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива