Турски државјанин приведен на охридскиот аеродром со лажна патна исправа

Охрид, 6. септември 2019 (ИНПРЕС) – На 5-ти септември 2019 година, во 09:30 часот на Аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид бил приведен 44-годишниот Т.С. од Република Турција и против него била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

– Според пријавеното, тој се обидел да излезе од Македонија со турска службена патна исправа, за која било утврдено дека е фалсификувана. За настанот е известен јавен обвинител, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива