144 грама кокаин фатени кај македонски државјанин на граничниот премин „Свети Наум“

Охрид, 6. септември 2019 (ИНПРЕС) – На 3-ти септември 2019 година, на граничниот премин „Свети Наум“, за влез во државата се пријавил македонски државјанин, управувајќи патничко моторно возилo со македонски регистарски таблици.

No photo description available.

– При вршење на преглед, во внатрешноста на возилото, царинскиот службеник пронашол непозната тврда супстанција, обвиткана со прозирен најлон. Поради сомневање за природата на супстанцијата царинскиот службеник повикал друг службеник со царинско куче кој во тој момент бил на граничниот премин и заеднички го продолжиле прегледот. Кучето изреагирало на супстанцата, по што е земен примерок од истата и е направено тестирање со соодветни реагенси кои покажале дека содржи амфетамини. Натамошните лабораториски испитувања покажале дека се работи за кокаин со голема чистота во количество од 144 грама, информираат од Царинската управа на Македонија. (Крај)

извор: Царинска управа фото: Царинска управа