Од „Охридски атлетски маратон 2012“ потврдија – згаснува Меѓународниот Охридски Атлетски Маратон

Охрид, 10. септември 2019 (ИНПРЕС) – Од Здружението „Охридски атлетски маратон 2012“ и официјално потврдија дека 33-то издание на традиционалната трка кое се одржа викендв во Охрид беше последна трка организирана од нив.

Одлуката беше најавена и неодамна на официјалната прес конференција, кога најавија дека без соодветна поддршка, трката не може повеќе да се организира.

– Како претседател на здружението најавувам дека овој маратон ќе биде последен организиран од наша страна. Можеби организацијата ќе ја преземе Атлетскиот клуб „Охрид“. Ние немаме веќе сила и ставаме точка. Не се потребни големи финансии, сите ресурси од спонзори ги исцрпивме, а не добиваме помош од градот и властите, истакна претседателот на здружението и директор на трката, Пецо Неданов.

Преку официјален допис, објавен на социјалните мрежи тие ги објаснија и причините за ваквата одлука.

Информацијата ја објавуваме во целост.

Почитувани маратонци, атлетичари, љубители на атлетиката и општествено одговорни личности,

После 33-тото успешно издание на Меѓународниот Охридски Атлетски Маратон остана дилемата која во повеќе наврати ја слушаме – дали ќе се продолжи со оваа традиција. Мојот одговор како претседател на Здружението „Охридски Атлетски Маратон 2012“, а и на останатите членови од ова здружение е НЕ. Здружението „Охридски Атлетски Маратон 2012“ ќе згасне и повеќе нема да ја организира оваа традиционална трка. Тоа е ставот на сите членови, а причини има многу:

1. Во сите овие 15 години од 2004-та навака сме стално во неизвесност со институциите ќе дадат или нема да дадат средства за одржување на оваа традиционална манифестација и до последен момент не сме знаеле колку ќе бидат иако сме поднесувале апликации на време. Се случувало од општина Охрид да ни дадат и 20.000 денари, да не знае човек што да прави да им ги врати назад и да ги прави резил насекаде или не. За ваква организација стално укажувавме години наназад дека се потребни повеќе од 15.000 евра од кој од институциите баравме барем 5.000 сигурни средства, зарем тоа е многу? Зарем бараме леб преку погача? Зарем оваа традиционална манифестација е наша приватна забава, па може и со трошките што ќе ни ги фрлат да бидеме задоволни? Зошто тоа го правиме за себе и за своја лична корист. Многу пати истакнав дека и свој лични средства сме вложувале за да се одржи традицијата, па повелете кој е подготвен на таков ризик, нека ја продолжи традицијата, но не за 1 или 2 години, зборувам за 15 години.

2. Секоја година се обраќавме до наши пријателски компании и веќе им здосадивме на сите така што некој и почнаа да не избегнуваат. Се обидовме на многу начини да им се оддолжиме, но меѓу нас нема маркетинг менаџери и знаеме дека тоа е голем недостаток, ние сме вљубеници во атлетиката и ентузијасти, но маркетингот е многу нужен и тоа го сваќавме и стоевме отворени за било какви предлози, но не дојде до тоа. Свесни сме дека треба да влезат млади и свежи сили во оваа организација кој малку попрофесионално ќе се посветат на ова.

3. Во здружението сме повеќето возрасни луѓе, поголем дел сме зафатени со приватен бизнис и одвојуваме драгоцено време за да се посветиме на оваа организација и на крај никој не го цени тоа, зарем тоа не би требало да не изморува? Нека ни одреди институцијата која ќе застане зад нас помлади државни службеници кој дел од своето работно време ќе можат да го посветат во организацијата на овој настан и овој настан ќе цвета, а не да се прашуваме дали да продолжи или не оваа традиција.

4. Од минатата година институциите наместо да ни одмалат од обврските ни натоварија уште една обврска тешка 1.000 до 1.500 евра за обезбедување на патеката која никогаш пред тоа ја немавме и со тоа не доведоа во пат позиција, навистина нема смисла повеќе, едноставно човек не може да не се запраша за кого и за што си го губи времето. Зарен нашите фамилии не заслужуваат како многу други денот на Независноста на нашата држава да го прослават во некој друг амбиент освен овој со максимален ангажман, непреспиени ноќи и огромни главоболки со недостаток на основниот дел од средства, со вечита борба и молење на волонтери како нас да помогнат без било каква надокнада – за една маица или сендвич, па не сме фер и према нив.

5. Од 2004-та година навака постепено го дигнавме рејтингот на оваа традиционална трка и го издигнавме на доста високо меѓународно ниво. Нашиот Маратон влезе и во календарот на Европската Атлетска Асоцијација и сега слушам многумина велат нека не доаѓаат Кенијци или други јаки странци да си ги поделиме ние парите да останат во државава, па тогаш да го вратиме како пред 40 години на општинско ниво и сите пари нека останат во општина Охрид. Нема смисла се оди напред, а ние ќе се враќаме назад, а ете на ова издание нај маратонот се покажа дека тие Кенијците не се непобедливи, секоја чест на нашата најдобра маратонка Адријана Поп Арсова и мислам дека ни упати многу јасна порака дека не треба да се откажуваме и дека не е никој непобедлив, уште еднаш секоја чест за Адријата.

6. Заклучокот од ова мое долго излагање е следниот – Охридскиот Атлетски Маратон може да продолжи да се одржува под капата на Здружението „Атлетски Клуб Охрид“ или некое друго, но основните услови во наведените 4 први точки мора да се исполнат. Основно е да застане институција со договор за минимално 5.000 до 6.000 евра годишно загарантирани средства со кој би се покривал наградниот фонд и дел од другите обврски. Предлагам и се слагам со изјавите од многуте маратонци дека заедно треба да извршиме притисок за да не замре оваа традиционална трка која многумина едвај ја чекаат да дојде. Традицијата може да продолжи, но под наведените услови.

Се надевам драги мои Маратонци дека со овој мој долг статус сепак успеав да Ви одговорам на прашањето ЌЕ БИДЕ ЛИ ОХРИДСКИ МАРАТОН?

извор: Пецо Неданов фото: архива