Крводарителска акција во ЦК „Григор Прличев“

Охрид, 10. септември 2019 (ИНПРЕС) – В сабота, 14-ти септември ќе се одржи крводарителска акција во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Акцијата ќе се реализира во периодот од 09:00 до 14:00 часот, а се очекува да бидат собрани 30-40 единици крв.

Од охридскиот Црвен крст ги покануваат сите оние кои сакаат доброволно да ја даруваат својата крв за да спасат нечиј живот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива