Струшкиот Завод за нефрологија во очајна состојба – дождот „врне“ и внатре, дел од пациентите во ходниците (Видео)

Струга, 11. септември 2019 (ИНПРЕС) – Невремето кое синоќа го зафати Охридско-струшкиот регион уште еднаш ја исфрли на површина потребата од ИТНА санација на објектот на ЈЗУ Завод за нефрологија во Струга.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како дел од пациентите седат по ходниците, а забележително е големо прокиснување на таванот. На подот има вода, а вработените се обидуваат да ја нормализираат состојбата.

Граѓаните се огорчени на ваквата состојба и бараат итно решавање на овој проблем. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива видео: VOX Struga