Почнува Дејвис купот во Атина, Естонија прв наш противник

Атина, 11. септември 2019 (ИНПРЕС) – Со свечено отворање, утрово во Атина почнува Дејвис купот, а тениската репрезентација на нашата земја ќе го одигра првиот натпревар против Естонија, jави дописничката на МИА од Атина.

На вчерашната ждрепка, во Tретата европска лига нашата земја беше извлечена во Групата Б заедно со Естонија, Латвија и Црна Гора, додека пак во првата група, Група А се Луксембург, Полска, Монако и Грција.

За нашата земја настапуваат Горазд Србљак, Димитар Грабул, Лука Љубен Андонов, Берг Бугариќ, Чедомир Јовановски е селектор, а Владимир Томиќ асистент тренер.

Дописничката на МИА од Атина, вчера ја посети нашата репрезентација за време на тренингот во Тенискиот клуб „Татои”, каде што ќе се одиграат натпреварите. Прв противник ни е Естонија, репрезентацијата која што беше носител на групата и има најдобар ранг во групата.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Плусинфо фото: архива