Струга и селата со слабо водоснабдување по синоќешното невреме

Охрид, 11. септември 2019 (ИНПРЕС) – Гром гo оштети системот на ЕВН кај селата Шум, Заграчани и Горна Белица.

Поради лошите временски услови со многу електрични празнења (громови), еден гром удрил токму на системот електрична енергија што ги снабдува пумпите кај пумпната станица во село Шум и истиот претрпел големо оштетување.
Како последица на ова денес ќе има слабо снабдување со вода за пиење во целиот град и селата на општина Струга додека не се санира овој голем дефект.

Екипите на „Проаква“ заедно со екипите на ЕВН Македонија се на местото на настанот и прават максимални напори да го оспособат системот што побрзо за да се нормализира снабдувањето со вода за пиење. (Крај)

извор: Strugaonline фото: архива