Роналдо со неверојатниот 54. хет-трик во кариерата, Англија и Косово во меч со осум гола (видео)

Лондон, 11. септември 2019 (ИНПРЕС) – Кристијано Роналдо постигна четири гола за да помогне актуелниот европски шампион да се врати на вистински пат во квалификациите за Евро 2020 со 5:1 победа на гости кај Литванија, додека Англичаните во луд меч со осум гола со 5:3 го совладаа сензационалното Косово.

Ова е неверојатен 54. хет-трик во богатата кариера на Португалецот, уште еден рекорд кој го има фудбалерот на Јувентус и осми хет-трик во португалската репрезентација, со што има вкупно една третина од хет-триковите во Португалија (8/24).

Со победата, Португалија остана на второто место во групата Б со пет поени зад Украина, додека Србија е трета по 3:1 победата над Луксембург.

Англија и Косово пак, одиграа интересен меч во Саутемптон, во кој домаќините славеа со 5:3 за четврта победа во четврти меч и во исто време нанесувајќи им го првиот пораз на Косовците од 2017 година.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото: архива