АВ Охрид четвртопласиран на Меѓународниот турнир „Георги Христов“ во Бугарија

Охрид, 11. септември 2019 (ИНПРЕС) – Кошаркарите на АВ Охрид се враќаат со освоено четврот место на Меѓународниот турнир „Георги Христов“, кој се одржа во бугарскиот град Ботевград.

Полуфиналниот меч го загубија од домаќините Балкан со 98-81, а натпреварот за бронза го загубија со 88-84 од тимот на Берое.

Токму со овој тим повторно се среќаваат овојпат на домашен терен во рамки на подготовките за новата сезона.

Натпреварите ќе се одржат в сабота и в недела од 16:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: КК АВ Охрид