Екипи на „Нискоградба“ отстрануваат стари патоказни табли, билборди и автобуски постојки

Охрид, 13. септември 2019 (ИНПРЕС) – Екипи на ЈП „Нискоградба“ по налог на Секторот за комунален развој сообраќај и улици при општина Охрид започна акција за отстранување на нефункционални патоказни табли, огради и други видови препреки на тротоарите на целата територија од градов.

Со акцијата е предвидено да се отстранат и стари билборди, оние на кои им е изминат договорот склучен со општината или билборди поставени без дозвола. Наредениве денови ќе се врши и замена на старите со нови автобуски постојки. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид