Охридскиот народен театар со награда на фестивалот “Ристо Шишков“

Охрид, 13. септември 2019 (ИНПРЕС) – Претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс во режија на Софија Ристевска Петрушева, а во изведба на охридскиот Народен театар доби награда на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков” во Струмица.

Театарот ја освои наградата „НЕТА“ за актерската инвентивност и посветеност во остварувањето на режисерскиот концепт.

Охридскиот театар и во 2015 година учествуваше на овој фестивал со претставата „Стари времиња“ од Харолд Пинтер, во режија на Нела Витошевиќ и освои награда за сензибилен и современ актерски израз, од асоцијацијата „Нета“. (Крај)

извор: ИнПрес фото:архива