Декоративна „инсталација“ или полукружни шипки за одвојување на коловозот и тротоарот низ охридските улици?

Охрид, 13. септември 2019 (ИНПРЕС) – Ќе останат ли жолтите полукружни шипки за одвојување на коловозот и тротоарот низ охридските улици?

Декоративна „инсталација“, железна корпа исполнета со бели камења денес затекнавме дека е поставена на булеварот „Туристичка“ кај скалестата зграда пред кружниот тек.

Од надлежните добивме информација дека истата тука била пробно поставена, дали ќе е соодветна како ограда која во иднина ќе се користи по улиците.

извор: ИнПрес фото: ИнПрес