Лице од Охрид и скопјанец физички се пресметале на улицата „Јане Сандански“

Охрид, 17. септември 2019 (ИНПРЕС) – На 16-ти септември 2019 година, околу 15:30 часот во СВР Охрид пријавено е дека на улицата „Јане Сандански“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир.

– Во посоченото време се случи физичка пресметка помеѓу 63-годишниот А.Џ. од Охрид и 59-годишниот Б.С. од Скопје. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против нив ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива