Есенска викенд програма во Sky Corner Bar

Охрид, 26. септември 2019 (ИНПРЕС) – Оваа сабота го започнуваме со есенската викенд програма, порачуваат од Sky Corner Bar.

– Во петок Cocktail Night за кој се задожени нашите бармени со DJ entertainment, а во сабота жива свирка со разни бендови од Македонија и соседните земји. За забавата оваа сабота е задолжена екстра позитивната екипа Strana B – Skopje, додаваат од Sky Corner Bar.

Хотелот Sky Corner е најновиот во охридската угостителска понуда и претставува вистинско освежување. Омилено место за бизнис средби, вкусен ручек од уникатното мени или уживање во кафе со пријателите во единствен поглед кон Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива