Missing image

Од денес целосно се укинуваат квотите за лекови во аптеките

Скопје/Охрид, 1. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Од денес стапува на сила мерката за укинување на квотите за лекови во аптеките во Македонија и се воспоставува нов електронски систем.

Отсега пациентите пациентите во било кој ден од месецот ќе може да подигнат лек на рецепт, а не како досега само на почеток на месецот, со што не ќе мора граѓаните дома да прават залихи на лекови. При секое подигнување на лек, граѓаните ќе треба да се легитимираат со лична карта.

– Граѓаните ќе можат секогаш во кое било време да подигнат лек, без разлика дали е почеток или крај на месец. Нема потреба од туркање кај матичните лекари во првите денови од месецот, правење домашни аптеки и барање за рефундирање. Постарите лица, деца под 18 годишна возраст и тие кои не се во состојба не треба да стравуваат дека ќе останат без лек. Предвидена е можноста во нивно име блиско лице да го подигне лекот, изјави првиот човек на Фондот за здравство, Ден Дончев.

Тој потенцира дека со овој нов систем сите аптеки добиваат еднакви услови за работа на ФЗО во реално време ќе има увид на застој и недостаток на лекови.

Оваа мерка на почетокот на август годинава беше воведена во Охрид, Струга, Дојран, Ресен и Гевгелија, како прв чекор кон целосна либерализација и целосно укинување на квотите за лекови во цела земја. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива