Кривична за цариник од Охрид кој пропуштил прехрамбена стока без декларација на преминот „Блато“

Охрид, 2. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Дебар поднесе кривична пријава против 51-годишниот Г.М. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Тој, како царински службеник, на граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница, извршил пропуштање на криумчарена разновидна прехрамбена стока без декларација, сопственост на В.И. од Дебар и овозможил стоката да ја премине царинската линија со избегнување на царинска контрола и наплата на увозни давачки. Со тоа, му овозможил на В.И. да се стекне со противправна имотна корист во износ од околу 468.000 денари, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива