Жител на струшко Ложани физички нападнат во Медицинскиот центар во Струга

Струга, 2. октомври 2019 (ИНПРЕС) – На први октомври 2019 година, во 23:40 часот во Полициската станица во Струга, 30-годишниот Т.Ј. од струшкото село Ложани пријавил дека во Медицинскиот центар во Струга бил физички нападнат од лицето Р.Т. од селото Калишта.

– Напаѓачот е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива