Историја постара од 18 век нема да има во шведските учебници

Стокхолм, 3. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Историја постара од 18 век нема да има во шведските учебници, ами младите ќе учат за холокаустот, Хитлер, Втората светска војна и периодот од крајот на 20 век.

Од шведскиот Одбор за образование најавија дека во учебниците ќе го нема стар Рим, древна Грција, ниту големото шведско царство. Во план е да се посвети повеќе време на родовите прашања, климатските промени и миграцијата.

Младите од 13 до 15 години веќе нема да учат за историја која датира од пред 1700 година.

Овој чекор го осудија професори по историја, а некои тврдат дека ако сето ова се реализира, Швеѓаните ќе бидат посрамени. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива