ВМРО-ДПМНЕ: Господине Георгиески, зарем УНЕСКО треба да Ви каже за дивоградбите за кои се правите дека не ги гледате?

Охрид, 3. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Владата на Зоран Заев и локалната власт на градоначалникот Константин Георгиески не се посветени на зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО, порача на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Господине Георгиески Вие можете во Баку или во Париз да идеализирате, но за земја која целта и е Европската Унија мора да започне да се почитува владеењето на правото и законот. Владее законот или урбаната мафија која ја поддржувате? Зарем УНЕСКО треба да Ви каже за дивоградбите за кои се правите дека не ги гледате? Дозволивте пред очи да Ви изградат дивоградби и свесно го пренесувате вниманието на терасите на крајрбрежјето додека низ целиот град граѓаните ги гледаат дивоградбите. Кој е тој значителен напредок во делот на исполнување на препораките? На граѓаните веќе им е јасно дека одлуката за мораториум на градба не се почитува, а регистарот на дивоградби сѐ уште не го виделе. Зошто Студиите за влијание на дивоградбите врз исклучителните универзални вредности на светското наследство се планираат дури во 2021 година кога власта имаше обврска да ја спроведе оваа мерка до декември 2018? Престанете со екскурзиите, наместо да гостувате по емисии и да раскажувате приказни кој што Ви рекол, започнете со спроведување на препораките од УНЕСКО, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ