Даниел Новиќ повторно е прогласен за најдобар бармен на „Вигор бармен купот“

Охрид, 4. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Втора година по ред, Даниел Новиќ од Охрид е прогласен за најдобар бармен во Македонија на „Вигор бармен купот“, кој од 30-ти септември, до 01-ви октомври, по 11-ти пат годинава се одржа во Велес.

Бармени од цела земја, пред очите на специјално жири ги покажуваа своите квалитите и способности и се натпреваруваа кој ќе направи подобар коктел, а Новиќ како победник, со котелот „Фантазија“ покрај титулата најдобар бармен во Македонија, доби пехар и парична награда од 500 евра.

– Бармени од 12 градови од Македонија се натпреварувавме во категоријата „класични“ коктели. Коктелот кој ми ја донесе победата го нареков „Фантзија“, а се состои од вотка од зелено јаболко, ликер од банана, сируп од бозел, цеден лимон и сок од ананас. Дополнително позитивен впечаток победничкиот коктелот остави со декорацијата, која се состои од чоколадна лажичка декорирана со дополнителни детали, рече Даниел Новиќ, кој беше денешен гостин во емисијата Радио Корнер на Супер радио.

За да се подготви добар коктел, Новиќ истакна дека е потребно е да се води сметка за повеќе аспекти на коктелот, за вкусот, соодносот на состојките, мирисот и техниката на подготовка, но и комплетниот изглед со декорацијата и бојата. Тоа се критериумите кои жири комисијата ги оценува со поени, а најдобар е оној кој има највисок број поени.

– Жирито беше составено од Анте Жиго, Марио Мајцин и Иван Гавранич, тројца врвни бармени од Хрватска, кои зад себе имаат огормно искуства и извонредна репутација, вели Новиќ.

Ваквите натпреварувања се одлична можност коктел-културата да се издигне на повисоко ниво и да го заземе вистинското место во Македонија, смета Новиќ. Тој вели дека во Охрид е послаба навиката за пиење на коктели, а тоа најчесто се прави во летниот период и најчесто се консумираат оние стандардните коктели.

– Но сепак со текна време работите се придвижуваат напред и гостите се повеќе знаат да уживаат не само во клаисчните, туку и новите авторски коктели. Јас лично на коктел минито во „Скај барот“ на хотелот „Корнер“, внесов неколку авотрски коктели и до сега можам да заклучам дека од коктелот „Скај Коренер“ гостите вообичаено со воодушевени, импресионирани и од вкусот и од самата презентација, истакна Новиќ.

Емисијата Radio Corner се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Sky Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес