Сообраќајка во селото Велгошти, повредени две лица

Охрид, 7. октомври 2019 (ИНПРЕС) – На 6-ти октомври 2019 година, во 19:30 часот, се случила сообраќајна незгода на улицата „Илинденска“ во селото Велгошти, при што се повредени две лица.

– Во незгодата учествувало патничко моторно возило „Лада нива“, со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 57-годишниот В.Д. од селото Велгошти, кое удрило во пешаците Ц.С.(26), Ј.С.(24) и дете. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ц.С., а со телесни повреди се здобила Ј.С. и биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Кај детето не биле констатирани повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива