На жените им треба повеќе сон, оти го користат мозокот повеќе од мажите

Лондон, 8. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Истражување кое опфатило 210 средовечни мажи и жени, посочува дека на жените им треба повеќе спиење отколку на припадниците на „посилниот пол“, како и дека припадничките на „понежниот пол“ имаат поголеми здравствени проблеми поради недостаток на сон.

– Резултатите говорат дека кусиот сон кај жените е тесно поврзан со високите нивоа на психичка болка и посилно чувство на непријателство, депресија и лутина. Од друга страна пак, овие чувства не се поврзани со нарушување на спиењето кај мажите – изјави професор Џим Хорн, дел од британскиот истражувачки тим од Универзитетот на Лоубороу.

Една од главните функции на спиењето е да му овозможи на мозокот да се освежи и обнови самиот себе. Како што објаснуваат стручните лица, при длабок, цврст сон, кортексот – делот од мозокот одговорен за помнењето, меѓу другото, се одвојува од сетилата и на тој начин, тој се обновува.

– Колку повеќе го користите мозокот во текот на денот, толку повеќе спиење Ви треба, за тоа освежување на мозокот – истакна професор Хорн. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива