Охрид догодина домаќин на Медитеранскиот куп на отворени води

Охрид, 8. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Следната година на почтокот од септември, Охрид ќе биде домаќин на КОМЕН Медитеранскиот Куп на отоврени води, потврди Медитеранската пливачка федерација.

Во серијата настани предивдени за следното лето натпреварувањето во нашиот туристички центар ќе биде во две возрасни категории, за пливачи родени 2004/05 кои ќе се борат на пет километри и за оние родени 2003/04 кои ќе пливаат на 7,5 километри. Ќе има и мешано штафетно натпреварување.

Со КОМЕН Медитеранскиот куп ќе биде затворена пливачката сезона во која во Охрид традиционално се одржуваат неколку настани на отворени води. (Крај)

извор: Екипа фото: архива