Владата го утврди Предлог – законот за субвенционирање придонеси за поголеми плати

Скопје, 9. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Владата на вчерашната седница го утврди текстот на Предлог – законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, со кој ќе се овозможи уплата на придонеси од државниот буџет во име и сметка на работниците кај работодавачите од приватниот сектор.

– Целта на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата која е повисока до 100 евра, заради подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој во земјава, се наведува во соопштението од владината прес-служба

Притоа, како што се додава во соопштението, осигурениците непречено ги остваруваат правата од социјално осигурување, а работодавачите немаат обврска да плаќаат придонеси за социјално осигурување за износот на зголемена плата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива