11-ти октомври неработен ден за сите граѓани

Охрид, 9. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Овој петок ќе биде неработен. Согласно Законот за празниците 11-ти октомври, Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Годинава навршуваат 78 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.

Празникот 11-ти октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива