„Охридскиот дијалог: Искористување можности и креирање идни партнери во Западниот Балкан“

Охрид, 9. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Охрид од 24-ти до 26-ти октомври ќе биде домаќин на „Охридскиот дијалог: Искористување можности и креирање идни партнери во Западниот Балкан“.

Истиот е организиран од Атлантскиот Совет (Atlantic Council) и Охридската Група со поддршка на Владата на Република Македонија.

Овој настан има за цел да отвори дискусии за сегашните и идните стратешки цели на државата, за креирање партнери на регионално и меѓународно ниво и за создавање нови идеи за политики и развој. На овој настан се очекува да присуствуваат високи сегашни и поранешни функционери од регионот, САД, Велика Британија, ЕУ, НАТО, како и аналитичари и меѓународни новинари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива