„Veni, Vidi Vici“, прв видео спот за охридскиот артист Che

Охрид, 9. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Охридскиот артист со псевдоним Che веќе подолго време се занимава со музика, конкретно со рап и ширењето на Hip-Hop културата.

По подолго време творење, тој успеа да направи чекор напред и го издаде свој прв видео спот за песната „Veni, Vidi Vici“.

– Станува збор за првиот видео запис од страна на новата продукција Kirachky. Охридскиот рап артист во иднина најавува зголемена активност и повеќе песни и видео записи, а веќе работи на својот прв соло албум, порачуваат од тимот на Che.

Image may contain: 1 person, sunglasses and outdoor

Тој додава дека се надева на поддршка од неговите охриѓани. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: Kirachky