Викенд презентација на победничкиот коктел на Vigor Barmen Купот „Фантазија“ во Sky Corner

Охрид, 9. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Елитниот Sky Corner во Охрид организира уште една прекрасна вечер за своите посетители, во неповторливиот и уникатен амбиент на овој хотел.

– Импресивен поглед, одличен амбиент и амбициозен стандард за незаменливо подготвена храна. Бидете дел од второто издание на нашата гала вечера овој пат во придружба на сентиш изведба на реномираниот домашен артист Ѓоко Танески. Дополнителнa можност за комбинација со две или три ноќевања во Sky Corner по промотивни цени. Зачувајте го датумот, Ве очекуваме, порачуваат од Sky Corner.

Image may contain: 1 person

Image may contain: 1 person, text

Дополнително за сите посетители ќе се изврши презентација на победничкиот коктел на последниот Vigor Barmen КУП – „Фантазија“, подготвен лично од победникот Даниел Новиќ, по екстра промотивни цени.

Image may contain: one or more people and text

Хотелот Sky Corner е најновиот во охридската угостителска понуда и претставува вистинско освежување. Омилено место за бизнис средби, вкусен ручек од уникатното мени или уживање во кафе со пријателите во единствен поглед кон Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива