Нови цени на горивата од полноќ

Скопје/Охрид, 14. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Неделава минимална корекција на цените на горивата.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, за половина денар се намалува цената на Еуросупер БС-95 и од полноќ ќе се продава за 67,50 денари.

Малопродажните цени на Еуросупер БС – 98 и на Еуродизел (Д-Е V) остануваат непроменети, односно 70 и 62 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за еден денар и ќе се продава за 50,50 денари.

Цената на мазутот М-1 НС е пониска за 0,085 ден/кг и ќе изнесува 33,694 ден/кг.

Овие цени ќе важат до следниот понеделник. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива