Минималната плата се зголемува на 14.500

Скопје, 15. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција најави дека е постигнат договор со бизнисот и синдикатите за зголемување на минималната плата на 14.500 денари од декември.

– Одиме внимателно со покачувањето на минималната плата. Внимателно ги следиме сите мерки. ќе продолжиме со овие мерки за да може стопанството да ги следи истите. Сите треба да работиме ако сакаме повискои плати и поголема конкурентност. Да бидеме поработлива нација и посветено да работиме, рече Заев и истакна дека до крајот на мандатот се надева оти ќе ја постигнат целта – минималната плата да изнесува 16.000, а просечната 30.000 денари.

Во моменов минималната плата во земјава изнесува 12.507 денари.(Крај)

извор: ИнПрес фото: архива